(Видео) Путин за 67. роденден се почестил со одмор во Сибир

 Рускиот претседател Владимир Путин го прославил својот 67. роденден во дивината во Сибир, собирајќи печурки и уживајќи во планините.

 

Путин, кој е познат како голем авантурист, заминал на одмор во Сибир во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шогу.

 

На објавената снимка е прикажан Шојгу, кој додека шетал во шумата ископал корен од јагода. Путин се пошегувал дека министерот ќе ја засади јагодата во градината на неговиот летниковец, но Шојгу одговорил дека на растенијата им треба друга клима.

 

 

Еден учесник на прошетката прашал дали воздухот во Москва може да биде чист како во тајгата.

 

„Тоа прашање не е за мене, туку за претседателот“, рекол Шојгу.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.