Шведскиот крал го укинува кралскиот статус за пет внуци

Шведскиот крал Карл Густав го намали бројот на членовите на семејството кои ќе добиваат пари од буџетот, со тоа што одлучи да го прекине статусот на кралско височество за пет од неговите внуци.

 

Како што е најавено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности, пренесе Си-ен-ен.

 

Би-би-си наведува дека одлуката на кралот значи дека внуците на возраст од една до пет години, веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“ - апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од буџетот на земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Madeleine of Sweden (@princess_madeleine_of_sweden) on Oct 7, 2019 at 5:59am PDT

 

Одлуката не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, односно принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

 

Родителите на петте деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил, ја поздравија кралската одлука на социјалните мрежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.