Градоначалник од Мексико врзан за камион и влечен по улица од незадоволни жители

Единаесет лица беа уапсени откако градоначалникот на општина во мексиканската држава Чиапас го извлекле од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по улица бидејќи наводно не успеал да го исполни предизборното ветување и да ги поправи локалните патишта.

 

Инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот бил нападнат од земјоделци, јави Би-би-си.

 

Градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Ернандес бил брзо ослободен од локалната полиција и не претрпел сериозни повреди, но најави дека ќе поднесе обвиненија за киднапирање и обид за убиство.

 

На објавените видеа од инцидентот се гледа како група мажи го изнесуваат градоначалникот од зградата и подоцна го влечат по патот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.