Данска воведува гранични контроли со Шведска

Данска ќе воспостави привремени контроли на границата со Шведска од следниот месец, изјави денеска данскиот министер за правда, Ник Хакеруп.

 

Контролите се воспоставуваат откако двајца Швеѓани беа обвинети за вмешаност во експлозија пред зградата на даночната служба во Копенхаген во август.

 

Данскиот премиер Мете Фредериксен тогаш рече дека администрацијата ја разгледува можноста за зајакнување на контролите на границата со Шведска.

 

Данска е поврзана со Шведска преку мостот Оресунд во теснец долг 16 километри и илјадници луѓе од двете држави ја минуваат границата секој ден со воз или автомобил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.