Тачи побарал да се испита случајот со наводно затруените коверти од централна Србија

 Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика надлежните институции во Приштина професионално да го испитаат случајот на наводно затруените коверти со гласачки ливчиња од централна Србија.

 

Тачи, според приштинскиот портал „Лајми'“ исто така побарал „да се преземат сите неопходни чекори за да се отстрани сомнежот дека со ковертите се труени членовите на ЦИК“.

 

За наводно затруените коверти реагирале само Албанците во ЦИК.

 

Претставниците на приштинските институции објавија дека испитувањето на примероците од ковертите земени во Центарот за броење гласови на ЦИК се очекува да заврши.

 

Според нивната изјава, резултатите ќе бидат објавени заедно со мислењето на меѓународните експерти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.