Турција нема да се откаже од акцијата во Сирија поради американските санкции

Ништо не може да ја натера Турција да се откаже од воената операција во Сирија, па дури и воведените американски санкции, изјави претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, цитиран од агенцијата „Тасс“.

 

„Турција во никој случај нема да дозволи создавање на коридор за терористичките групи директно на нејзината граница“, изјави Шентоп на новинарско прашање.

 

Како што изјави тој, американските санкции против Турција заради нејзината воена операција во Сирија не биле неочакувани за неговата земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.