ОН: Турција би можела да биде одговорна за воени злосторства

Турција би можела да биде одговорна за егзекуции што ги извршиле вооружени групи кои се борат во Сирија.

 

Тие дела би можеле да бидат карактеризирани како воени злосторства, соопштија Обединетите нации.

 

„Според меѓународното право за почитување на човековите права и според меѓународното хуманитарно право, вонсудските погубувања претставуваат сериозни прекршувања и може да бидат карактеризирани како воени злосторства“, изјавил портпаролот на Високот комесаријат за човекови права на ОН, Руперт Колвил.

 

Тој додал дека цивилите, сите луѓе кои не се вклучени во борбите, како и заробените борци, мора да бидат заштитени.

 

Колвил рекол дека ОН се обидуваат да ги проверат сите злоупотреби пријавени во ова тело од почетокот на турската воена офанзива против курдските борци на североистокот на Сирија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.