(Видео) Акција на специјалната единица РОСУ во Косово, уапсени две лица

Повеќе од 100 припадници на специјалната единица на косовската полиција РОСУ со 25 оклопни возила и џипови утринава околу 5 и 50 часот влегле на северот на Косово, при шти биле уапсени двајца Срби во врска со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, пренесува „Танјуг“.

 

Српските полициски власти велат дека упадот бил брутален и спротивен на сите прописи и резолуции.

 

Српските медиуми пренесуваат дека акцијата не била најавена, а два часа откако почнала се огласила косовската полиција и соопштила дека во раните утрински часови на северот на Косово спровела акција во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

 

(Телевизијата „Клан Косова“ објави видео за кое се наведува дека е од акцијата на РОСУ)

https://www.facebook.com/KlanKosovaOfficial1/videos/1201251106741561/

 

„Полициската акција е изведена врз основа на налог за претрес од Основниот суд, Посебно одделение, а која резултираше со апсење на осомничениот полицаец Р.Б.“, се наведува во соопштението.

 

Полицијата додала дека се трага по уште еден осомничен полицаец, а дека е уапсено уште едно лице кај кое е пронајдено оружје.

 

Акцијата завршила околу 8 часот, по што косовската единица се повлекла јужно од реката Ибар.

 

„Танјуг“ пренесува дека двајцата Срби се уапсени по наредба на Специјалниот суд во Приштина. Едниот од нив е полициски истражител на северот на Косово, Раде Басара, кој ја водел истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ и за кого постои сомневање дека ги криел доказите. Вториот осомничен полицаец, кого полицијата не го пронашла, е командант на косовската полиција за северот на Косово, Жељко Бојиќ.

 

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, рекол дека синот на Бојиќ бил одведен во непознат правец.

 

Според него, специјалците на РОСУ биле вооружени до заби, а целта била, како што рекол, криминализација на Србите и план да се обвинат за убиството на Ивановиќ. Тој рекол дека упадот на РОСУ бил брутален.

 

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ, рекол дека српската полиција во текот на ноќта имала сознанија дека приштинските власти ќе влезат на северот на Косово. Тој рекол дека Белград е спремен да реагира ако дојде до егзодус на српскиот народ, но уверен е дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

 

Тој рекол дека 24 блиндирани возила влегле на подрачјето на северот на Косово спротивно на сите прописи и резолуции.

 

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година. Тој беше лидер на Србите на Косово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.