Повеќе од 70 цивили убиени, а 300.000 раселени во операцијата на Турција во северна Сирија

Повеќе од 70 цивили се убиени од почетокот на воената операција во северна Сирија од страна на Турција и сириските опозициски групи што ѝ се придружија на 9 октомври, објави телевизискиот канал „Ал Арабија“.

 

Според ТВ-каналот, околу 300.000 луѓе морале да ги напуштат своите куќи поради борбените операции.

 

На 9 октомври, Турција го прогласи почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија и почна со нападите на воздушните сили врз курдските позиции. Целта на операцијата е да се создаде тампон-зона која ќе стане заштитен појас долж турската граница.

 

Според плановите на Анкара, сириските бегалци ќе можат да се вратат таму од Турција. Сириската државна новинска агенција САНА ја нарече операцијата агресија, а глобалната заедница жестоко ги осуди акциите на Анкара.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.