Трамп: Со Украина нема услуга за услуга

Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондленд, треба да се обрати пред пратениците во Претставничкиот дом во рамки на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

 

Како што е наведено, тој ќе им соопшти дека претседателот Трамп повеќепати му рекол дека не постои „услуга за услуга“ со Украина.

 

Според подготвеното сведочење, амбасадорот Гордон, исто така, планира да каже дека повикувањето на странска Влада да преземе истрага со цел да влијае на претстојните американски избори би било погрешно“, пренесе „Ројтерс“.

 

Тој исто така планира да каже дека не присуствувал во разговорот на 25 јули, помеѓу Трамп и украинскиот претседател и дека не знае дали Трамп го споменал поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е еден од главните ривали на Трамп на изборите во 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.