За Сирија прекинот на огнот е неодреден

Советничката на сирискиот претседател, Бурина Шабан, синоќа оцени дека договорот за прекин на огнот на североистокот од Сирија е неодреден.

 

Таа истакна дека Дамаск не може да прифати нов Курдистан во Сирија.

 

Шабан додаде дека Дамаск ќе преземе „важни чекори“ со Сириските демократски сили, предводени од Курдите, но дека има уште прашања што не можат одеднаш да бидат решени, пренесуваат британските медиуми.

 

Турција и САД синоќа договорија петдневно примирје на североистокот од Сирија, за на курдските сили да им се дозволи да се повлечат, по што операцијата „Извор на мирот“ во целост ќе биде прекината. Тоа во текот на разговорите во Анкара го договорија американскиот потпретседател Мајк Пенс и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

 

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на Доналд Трамп за повлекување на американските војници од североистокот на Сирија, ја почна операцијата „Извор на мирот“ на северот од Сирија, долж нејзината граница, а ја почна со воздушни напади врз позициите на курдските сили.

 

За Анкара оваа операција е потребна за да создаде „тампон зона“ за заштита на турската граница, во која сириските бегалци ќе можат да се вратат од Турција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.