16.000 километри без слетувања и дополнување гориво! Стартуваше најдолгиот лет во светот

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би требало да слета во Сиднеј в недела наутро.

 

Авионот „боинг 787-9“ со 40 патници ќе прелета 16.000 километри без слетувања и дополнување гориво, а екипажот и патниците пред летот морале да поминат посебни ментални и физички тестови за издржливост.

 

На првиот од планираните три пробни летови, научниците ќе го следат влијанието на 20-часовниот лет врз патниците.

 

Австралискиот национален превозник „Квантас“ планира оваа година да реализира уште два вакви лета.

 

Бројот на патници на летот од Њујорк до Сиднеј е ограничен за да се минимализира потрошувачката на гориво и да овозможи авионот да прелета 16.000 километри без полнење.

 

Научниците од два австралиски универзитети се во леталото за да го следат образецот на спиење на патниците, границата на нивната издржливост и исхраната. Пилотите носат уреди за следење на нивната мозочна активност и будност.

 

Со оглед на временската разлика од 15 часа меѓу Њујорк и Сиднеј, научниците ќе го следат и влијанието на преминувањето низ временски зони врз патниците.

 

Досега рекордот за најдолг лет го држеше компанијата „Сингапур ерлајнс“ од Сингапур до Њујорк кој траеше  17 часа и 52 минути.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.