Белгија на 29 октомври ќе одлучува за екстрадицијата на Пучдемон

Белгискиот суд на 29 октомври треба да донесе одлука по барањето на Шпанија за екстрадиција на поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, под чие раководство се одржа забранетиот референдум за независност во 2017 година, објави белгиското судство.

 

Пучдемон (56), кој избега во Белгија, вчера одби да се предаде на шпанското судство, кое во понеделникот издаде нова европска потерница за него.

 

Тој, придружуван од неговиот адвокат, доброволно им се пријави на белгиските власти. По излегувањето од обвинителството во Брисел, рече дека засега останува во Белгија и дека ќе се јавува секојпат кога ќе биде повикан од белгиските власти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.