Медведев: Русија е против еднострано прекројување на мапата на Балканот

Русија е подготвена да пружи целосна неопходна поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, порача рускиот премиер, Дмитри Медведев обраќајќи им се на пратениците во српското Собрание, за време на неговата еднодневна посета на Србија.

 

Тој рече дека му е драго што повторно се обраќа пред српското Собрание, каде се обратил пред десет години. Повод за посетата на Белград е одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

 

Нагласи дека Русија е против еднострано прекројување на мапата на Балканоти го повтори ставот на Русија за Косово, а тоа е резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244.

 

Тој рече дека денеска е можен само многуполарен свет на основа на почитување на националните интереси и немешање во внатрешните работи. Медведев истакна дека ЕУ го отфрлиле механизмот за соработка со Русија и дека не е сигурен оти поради тоа на некому му е подобро. Додаде дека Русија не се чувствува како казнета и дека не тагува за времето кога се одржувале тие состаноци, но дека има последици. Бизнисот во Европа и во Русија изгуби милијарди евра, кои е невозможно да се вратат, порача Медведев.

 

Тој укажа на тоа дека проблемите во Европа само се зголемуваат, споменувајќи ја мигранстаката криза и тероризмот. Вели дека настаните на Блискиот исток и во северна Африка покажале дека смената на несоодветните режими и наметнувањето на модел, предизвикуваат хаос на огромни територии.

 

Тој се заблагодари на Србија, за тоа што, без оглед на притисоците и европските процеси, не вовела санкции на Русија.

„Ние тоа го цениме“ рече Медведев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.