Од Франција депортирани 120 албански државјани

Над 120 албански државјани, баратели на азил во Франција, доброволно се вратени вчера на меѓународнот аеродром во Тирана.

 

Со тоа се избегнати можни казни што произлегуваат од непочитување на дозволата за престој во шенген зоната.

 

Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот, ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната“.

 

Началникот Дема аупати апел до албанските граѓани да ги почитуваат правилата за движење.

 

„Апелирам до сите албански граѓани да не ја злоупотребуваат слободата на движење. Албанија е безбедна земја и како таква ја сметаат и земјите од ЕУ, поради што барањата за азил немаат никакви шанси да бидат одобрени, наведе Дема.

 

Во врска со можните последици за лицата кои ги кршат правилата за слободно движење во земјите на ЕУ, Дема нагласи дека „депортацијата од земјите на ЕУ е придружена со други дополнителни мерки, вклучително и неколкугодишна забрана за патување во шенген зоната“.

 

Пред три дена 100 албански граѓани и тоа од Франција (43), од Белгија (пет) и од Германија (52) беа депортирани бидејќи ги прекршиле правилата за престој во земјите на Унијата или барале азил. Неколку дена пред тоа со два чартер-лета беа депортрани 104 албански државјани од кои 15 од Франција, пет од Белгија и 84 од Германија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.