Турција планира да врати два милионa бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје, за да може Анкара да врати околу два милиони бегалци.

 

Тој додаде дека Ердоган во вторник во Сочи, за тоа ќе разговара со рускиот претседател, Владимир Путин.

 

Сириските сили навлегоа во одредени делови во близина со границата со Турција, во согласност со курдските сили, врз кои Анкара покрена офанзива. Тоа ги наруши плановите на Турција за создавање на „безбедна зона“ јужно од својата граница со Сирија, каде би можела да ги испрати сириските бегалци кои сега живеат во Турција. Таа територија претходно ја напуштија американските војници.

 

Калин посочи дека бегалците не сакаат да се вратат во делови на Сирија, што се „под контрола на режимот“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.