Мурињо: Клоп сака месо, а на „Олд Трафорд“ доби риба

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по натпреварот со Манчестер Јунајтед зборувал рекол дека противникот игра секогаш дефанзивно против неговиот тим, а поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ кој сега работи како стручен коментатор, Жозе Мурињо, имал интересен коментар на ова тврдење на тренерот на „црвените“.

 

„Манчестер Јунајтед најчесто игра вака. Сите многу зборуваа пред овој натпревар, а во неа еден тим излезе да се брани, а другиот да игра. Ништо не изгубивме, ова е само еден поен, одиме понатаму“, рекол Клоп по мечот кој заврши 1:1.

 

Мурињо како стручен коментатор морал да му одговори на Клоп бидејќи изјавата на Германецот се однесува и на него. Мурињо до декември минатата година ги предводеше „црвените ѓаволи“.

 

Зборува така бидејќи никогаш не го победил Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Не му се допаѓа она што беше на менито, тој сака месо, а доби риба и поради тоа не е среќен. Секако дека тие се многу подобри кога играат против тим кој им дава можност за транзиција и контра-напади. Секако дека Јунајтед се ограничени со изборот на фудбалери и поради тоа играат поинаку. Се обидоа да бидат цврсти во одбраната и да не им дозволат на Ливерпул брза транзиција. Секогаш имаат тројца стопери плус Мектоминеј и Фред и секогаш беа компактни. На Ливерпул не им се допадна менито“, рекол Мурињо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.