Поради торнадото во Тексас прогласена декларација за катастрофи

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо кое го погоди овој американски град.

 

 

Ударите на ветрот достигнале јачина до 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е декларација за катастрофи, пренесе АП.

 

Неколку куќи се значително оштетени во близина на аеродромот, додека самот аеродром не претрпел материјална штета.

 

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери, кои починале од труење од јаглерод диоксид додека се обидувале да уклучат светло, а едно лице настрадало кога дрво паднало врз неговата куќа.

 

На аеродромот во северен Тексас и Арканзас откажани се летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.