Јункер во последниот говор: Чувај се Европо и бори се против национализмот

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод-Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата мора да се бори против национализмот.

 

„Чувај се Европо. И бори се против глупавиот и ограничен национализам. Да живее Европа“, рече Јункер.

 

Тој во последниот говор пред ЕП во својство на шеф на Европската Комисија, оцени дека најголем европски успех и најголем факт е дека во Европа е сочуван мирот.

 

„Што е иднината на Европа? Ние сме најмал континент. Голем дел од Евопјаните тоа воошто не го знаат. Ние сме многу мали, како европски континент“, рече Јункер.

 

Политиката, додаде тој, мора да се поврзе со демографијата и географијата.

 

„Ние изумираме. Нема да исчезнеме, но ќе не има се помалку. На почетокот на 20. век Европјаните сочинуваа 20 отсто од светската популација. На крајот на овој век ќе сочинуваме 4 отсто“, предупреди Јункер и додаде дека Европа ќе ја загуби и економската моќ.

 

Со оглед на тоа, вели Јункер, се лаже оној кој мисли дека е дојдено време помалку да се зборува за европските, а повеќе за националните рамки.

 

„Си заминувам од функцијата - не тажен, но не ниту претерано среќен. Заминувам со чувство дека чесно се трудев. Би било подобро кога сите чесно би се труделе“, рече Јункер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.