Трамп ги укинува санкциите кон Турција

Американскиот претседател најави дека ќе ги укине санкциите за Турција, пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

 

Најавата на Трамп за укинување на санкциите следи откако дојде до примирје во турската офанзива на Сирија, во која главна цел беа курдските бунтовници.

 

Трамп воведе санкции против Турција пред една недела и двојно ги зголеми царините поради туркиот напад во североисточна Сирија.

 

Објавувањето на санкциите уследи по ретко усогласените критики од конзервативците и демократите околу одлуката на Трамп да ги повлече американските трупи од Сирија, за која критичарите порачаа дека ја отвора вратата за турска инвазија и може да доведе до заживување на поразената Исламската држава.

 

Санкциите, сепак, ја исклучија продажбата на американско оружје во Турција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.