Мажот кој се запали пред УНХЦР во Женева е револтиран Курд

Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж.

 

Според швајцарските медиуми, мажот кој се самозапали пред Канцеларијата на УНХЦР е Курд кој живее во Германија.

 

Тој преживеал и е хоспитализиран.

 

„Со оглед на неговата состојба, не е возможно да го дознаеме мотивот, но можеме да претпоставиме дека тоа е политичката ситуација“, се наведува во соопштението на женевската полиција.

 

Портпаролот на УНХЦР изрази жалење поради инцидентот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.