Претседателот на Боливија изјави дека во земјата се случува пуч

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, рече дека масовните демонстрации, кои ја погодија земјата по претседателските избори, се обид за пуч.

 

Тој ваквата изјава ја даде на специјална прес-конференција која и самиот ја свика.

 

Моралес објасни дека пучот го организираат десничарските сили, со помош на странски земји, кои се незадоволни што тој повторно победил на изборите.

 

„Немам намера да се конфронтирам, на сила ќе биде вонредна состојба со цел да се заштити демократијата“, порача тој.

 

Претседателски избори во Боливија се одржаа на 20 октомври, а по 95,63 проценти пребројани гласови, актуелниот претседател Ево Моралес води со 46,85 проценти.

 

На второ место е поранешниот претседател Карлос Меса со 36,74 проценти од гласовите, а со тоа Моралес има доволно разлика за победа во првиот круг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.