Се уште не е утврден идентитетот на 39-те тела пронајдени во камионот во Есекс

„Идентитетот на жртвите сè уште не е потврден. Британската полиција и нејзината експозитура во Есекс формираа специјален тим на инспектори кои се специјалисти за сериозно кривично дело, но исто така, предупредуваа на последниот брифинг дека идентификацијата ќе трае долго време заради моменталната состојба на жртвите“.

 

Ова го изјави Иван Димов - советник на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захириева.

 

„Немаме никакви информации, но исто така немаме податоци и основи за да укажеме дека може да има бугарски државјани, како и оние што се вклучени како сторители на злосторството, бидејќи камионот од 2017 не поминувал низ земјата“, изјавил тој за медиумите. 


„Нашите информации се исто така ограничени. Камионот е регистриран во Варна, но најверојатно е во сопственост на жена од Северна Ирска. Нејзината домашна адреса веќе е посетена“, вели Христина Иванова од Лондон.

 

Според неа, една од верзиите е дека самиот возач немал информации за тоа што пренесувал. „Не е јасно кој прв ги нашол телата. Само што е пријавено дека до 13:30 часот по локално време, полицијата добила сигнал“, рече таа.

 

Британската полиција започна со идентификација на 39 тела пронајдени во Есекс. Властите утврдиле дека камион со бугарски регистар влегол во Велика Британија од белгискиот град Вилбругж, минувајќи низ пристаништето Перфелит.

 

Белгиското обвинителство исто така започна истрага. Властите се обидуваат да утврдат дали и колку време камионот патувал низ земјата.
25-годишниот возач останува во притвор под сомнение за убиство. Британските медиуми објавија дека неговото име е Мо Робинсон и дека бил од Северна Ирска.

 

Полицијата на Есекс соопшти дека главен приоритет е да се идентификуваат жртвите, но процесот ќе биде тежок и долг.

 

"Ние ги позициониравме камионот и приколката на безбедно место. Прво ќе треба да ги идентификуваме телата на жртвите и мораме тоа да го направиме со нивните семејства", изјави началникот на полицијата во Есекс, Пеп Милс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.