Белгија привремено затвора паркинзи со камиони, честопати користени од мигранти

Белгиските власти до 7-ми ноември ќе затворат неколку меѓународни паркинзи за камиони, каде честопати се бележат мигрантски престапи. Ова го објавија локалните медиуми по вчерашната вест за откриените 39 трупови во камион со ладилник во Велика Британија, пренесуваат медиумите.

 

Мерката опфаќа десетина места за паркирање по должината на западната белгиска граница, како и во регионите на Брисел, Лиеж и Гент. Овие паркинзи се затворени за употреба од камиони од 20:00 до 7:00 часот, соопштија властите. Тој додаде дека и покрај полициските мерки преземени одамна, немало случаи кога мигрантите се обидувале да влезат во запрени камиони за да стигнат до Велика Британија, или да ограбуваат возила и возачи.

 

Локалниот сојуз на превозници ги оспорува мерките преземени од надлежните за привремено затворање на паркинзите и објаснува дека возачите нема каде да застанат за законската пауза. Според нив, новите околности ќе налагаат од возачите да застануваат за одмор во лентите за итни случаи, што е опасно и нелегално.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.