Со кауција ослободени тројца уапсени во истрагата за „камионот на смртта“ во Англија

Британската полиција денеска соопшти дека тројца осомничени, кои бea уапсени во врска со смртта на 39 лица пронајдени во камионот со приколка-ладилник, се ослободени со кауција.

 

Полицијата на југоистокот на Англија соопшти дека се ослободени 38-годишен маж и 38-годишна жена, двајцата од градот Варингтон, како и 45-годишен маж од Северна Ирска, пренесе агенцијата АП.

 

Тие се ослободени откако беа сослушани под сомнение за убиство и заговор за трговија со луѓе.

 

Телата на 39 лица беа пронајдени во средата во индустриска зона во Есекс, Англија.

 

Досега беа уапсени пет лица, меѓу кои и Морис Робинсон (25), кој исто така е од Северна Ирска. Тој вчера беше обвинет за убиство на 39 лица.

 

Британската полиција се обидува да ги идентификува жртвите по потекло од Азија. Во тек е обдукција на нивните тела.

 

Амбасадата на Виетнам во Лондон отвори телефонска линија за семејства кои бараат да добијат информации за нивните исчезнати членови, откако се отвори сомнеж дека најмногу од загинаите имаат виетнамско потекло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.