Руската амбасада го критикуваше Би-би-си поради филмот за Скрипал

Руската амбасада во Лондон го критикуваше Би-би-си поради снимањето филм за наводното труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија минатата година во Солсбери.

 

Би-би-си објави дека планира да го заврши филмот во мај оваа година, а според извештаите на медиумите, снимањето почнало кон крајот на октомври, пренесува ТАСС.

 

„Жално е што наместо да бараат од нивните власти да одговорат на многу прашања во врска со инцидентот, британските новинари го претпочитаат случајот во Солсбери во вид на игран филм“, изјави пред новинарите неименуван дипломат од руската амбасада во Лондон.

 

Тој додаде дека ова не само што не помага да се утврди вистината, туку помага во јавното мислење да се зацврсти „неодобрената и политизирана верзија“ на британските власти за случајот, пренесува ТАСС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.