Моќниот „готвач на Путин“ приготвува матни зделки

Богатиот руски бизнисмен Евгениј Пригожин, со прекар „Готвач на Путин“, има прсти во многу пити, пишува Би-би-си.

 

Тој го направи своето богатство водејќи угостителски бизниси во 1990-тите, така го доби и прекарот. Пригожин му се придружи на елитниот круг на претседателот Владимир Путин кога рускиот лидер почна да вечера во неговиот луксузен ресторан на вода „Нов остров“ во Санкт Петербург во 2001 година.

 

Како и многу други руски олигарси, Пригожин (58) е разгранет во разни бизниси, користи офшор фирми во сенка и ужива во раскошен џет-сет стил на живот.

 

Но, американската влада се обидува да му ги собере крилјата на Пригожин: ги засили санкциите против него и неговите бизниси поради наводно мешање во  изборите во САД, пишува Би-би-си.

 

Истрагите на западните новинари и истражувачки центри го поврзуваат Пригожин со групата руски платеници наречена Вагнер. Овие платеници наводно спроведуваат руски државни интереси во воените жаришта во Сирија и Либија, како и во супсахарска Африка. Тој ги негира обвинувањата на Западот, но неговите деловни потфати остануваат доста замаглени.

 

Пригожин дојде до израз во Санкт Петербург, родниот град на Путин, иако не беше во првобитната група сојузници на Путин кои формираа клуб наречен „Озеро“.

 

Во своите дваесетти, пред да стане продавач на хотдог и потоа успешен угостител, тој беше во затвор девет години за грабеж и измама.

 

Спред Би-би-си, рускиот „шок-терапија“ капитализам од 90-тите создаде многу бизнис-можности за криминалците, бидејќи тие можеа да повикаат пријатели да ги одбранат од агресивните ривали.

 

Пригожин со години одржувал низок профил, но во 2011 година во интервју за весник во Санкт Петербург тој кажа за детската приказна што некогаш ја напишал, во која џуџиња го бранат кралот од непријатели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.