Пратениците во Велика Британија избираат нов претседател на Парламентот

Пратениците од британскиот Парламент денеска избираат нов претседател.

 

Во првиот круг од гласањето беа елиминирани двајца кандидати, пренесе АП.

 

Линдзи Хојл, кој моментно е заменик-спикер на Парламентот, победи во првата рунда гласање освојувајќи 211 од 562 гласа.

 

Во игра се и Елеонор Линг, која исто така е заменик-претседател на собранието, и пратеникот на лабуристите, Крис Брајант.

 

Кој и да биде избран, на функцијата веројатно ќе биде само еден ден пред утрешното распуштање на собранието поради предвремените избори закажани за 12 декември.

 

По 10 години на функцијата претседател на собранието, Џон Беркоу во септември најави дека ќе поднесе оставка.

 

Беркоу, познат по гласниот извик „Мир, мир!“, оваа позната фраза ја изговори дури 14.000 пати обидувајќи се да ги смири гласните пратеници.

 

Неговите заслуги за модернизација на Парламентот ги пофалија и премиерот Борис Џонсон, но и лидерот на лабуристите, Џереми Корбин.

 

Тој на пратениците им дозволуваше доволно слобода за од членовите на владата да бараат одговорност и донесуваше контроверзни процедурални одлуки во клучните фази од брегзитот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.