ЕУ подготвена да ѝ плати на Турција 50 милиони евра за мигрантите

Европската Унија е подготвена да ѝ плати десетици милиони евра на Турција за зајакнување на својата крајбрежна стража бидејќи сè повеќе мигранти се обидуваат да влезат во Европа преку грчките острови, рече денеска заменик-директорот за проширување на ЕУ, Мачеј Поповски.

 

Тој додаде дека извршното тело на ЕУ подготвило сет мерки за кои се предвидени околу 50 милиони евра.

 

Поповски рече дека дел од парите биле наменети за зајакнување на капацитетот на турската крајбрежна стража за операции за пребарување и спасување.

 

Остатокот од парите, рече тој, ќе бидат искористени за подобрување на условите во центрите за прифаќање мигранти и за да им се помогне на луѓето на кои им е дозволено да останат и да се интегрираат во турското општество, пренесува АП.

 

Тој рече дека тоа се пари што ќе бидат повлечени од фондот за да се подготви влезот на Турција во ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.