Путин: На новото руско оружје му нема конкуренција, но ние никому не му се закануваме

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека новите руски оружја нема да имаат конкуренција во светот, но и оти Русија никому нема да му се заканува.

 

Говорејќи на состанок со високи воени офицери, Путин истакана дека ниту една друга земја во светот нема хиперсонично, ласерско и друго оружје од новата генерација, но додаде дека тоа не е причина за закани кон некого.

 

Според него, новите системи се прават исклучиво за да се обезбеди сигурноста на Русија од нови закани, а земјата ќе продолжи да работи на контрола на оружјето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.