Трамп мора да плати два милионa долари

 Судот во Њујорк му наложи на американскиот претседател Доналд Трамп да плати два милионa долари по тужбата дека ја злоупотребил неговата хуманитарна фондација за политички и деловни интереси.

 

Судијата Селијан Скарпула, исто така, го одобри договорот за затворање на фондацијата на Трамп и за поделба на преостанатите 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.

 

Обвинителството во Њујорк лани поднесе тужба во која наведе дека Трамп и членови на неговото семејство нелегално ја користеле фондацијата за деловни интереси, но и за кампањата за претседателските избори во 2016 година.

 

Обвинителството бараше Трамп да плати 2,8 милиони долари отштета, но судијата го намали износот. Адвокатите на фондацијата за тужбата рекоа дека е политички мотивирана.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.