Во Хонгконг почина студент, се очекуваат нови големи протести
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 08 Ноември 2019
Студент кој падна од висина на паркинг за време на протестите во Хонгконг на почетокот на неделата денеска почина, пренесуваат светските медиуми.
Како што се наведува, ова е прва смрт на студент во антивладините протести, што најверојатно ќе предизвика нови нереди во овој град под кинеска управа, пренесуваат светските медиуми.
Дваесет и двегодишниот студент починал од повреди здобиени во понеделникот. Околностите под кои е повреден сè уште не се јасни, но властите веруваат дека паднал од третиот на вториот спрат на паркингот, кога полицијата ги растерувала демонстрантите.
Се очекува дека неговата смрт ќе предизвика протести на бес и огорченост против полицијата, која веќе е под притисок поради обвинувањата за употреба на прекумерна сила, додека градот е зафатен од најтешката политичка криза изминатите десетина години.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс