Идентификувани тела на десет тинејџери меѓу жртвите од „камионот на смртта“

Полицијата ги идентификуваше сите жртви од „камионот на смртта“ во кој беа пронајдени 39 тела на мигранти од Виетнам на 23 октомври годинава.

 

Во камионот-ладилник кој беше откриен во Есекс, во близина на Лондон, имало тела и на десет тинејџери. Идентификацијата ја извршија британските васти во соработка со виетнамската полиција.

 

„Наш приоритет беше да ги идентификуваме жртвите, да го сочуваме достоинството на оние кои го загубиле животот и да ги поддржиме семејствата и пријателите“, изјавија од британската полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.