Северна Кореја се соочува со сериозен недостиг на храна

Овогодинешната жетва на Северна Кореја се предвидува да биде полоша од вообичаеното, да ги влоши ионака сериозните недостатоци на храна во земјата, велат експертите.

 

Користејќи сателитски слики, швајцарската компанија „Геоглам“ соопшти дека сушата влијае на земјоделските култури во областа позната како „чинија за житни култури“.

 

ООН велат дека на четворица од 10 Севернокорејци им е потребна помош од храна, а производството на земјоделски култури е на најниско ниво во последните пет години.

 

Недостатоците од храна се се поголеми со меѓународните санкции кон Северна Кореја во врска со нејзината програма за оружје.

 

Во мај, оброците на храна - со кои се хранат околу 70% од севернокорејското население - беа намалени од 550гр на само 300гр по лице, по лошите резултати во раната жетва оваа година.

 

Северна Кореја доживеа големи суши пролетта и летото, а во септември земјата беше погодена од тајфунот Линглинг, кој го поплави земјоделското земјиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.