Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските плоштади и улички.

 

Градоначалникот, Луиџи Бруњаро, изјави дека ќе прогласи состојбата на катастрофа и предупреди за сериозни штети, пренесува „Ројтерс“.

 

„Ситуацијата е драматична. Ќе побараме од владата да ни помогне, зошто цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени“, напиша Бруњаро на „Твитер“.

 

Висината на водата на плоштадот „Свети Марко“ надминува еден метар, пренесе „Танјуг“.

 

Базиликата „Свети Марко“ е поплавена по шести пат во 1.200 години, при што во последните 20 години се случија четири поплави. Најскората беше во октомври 2018 година.

 

Засега нема извештаи за оштетување на базиликата.

 

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат длабока вода што тече како река низ улиците на Венеција, како и високи бранови кои удираат по закотвените бродови.

 

Градските власти велат дека висината на бранот била 187 сантиметри, малку понизок од рекордниот - висок 194 сантиметри во 1966 година.

 

Обилните дождови зафатија поголем дел од Италија последниве денови, предизвикувајќи поплави, особено на југот од земјата, а лошо време се прогнозира и за наредните денови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.