Казната за фрлање отпушок во Брисел е 200 евра

Од следната година, казната за фрлање отпушок во Брисел е одредена на 200 евра, пренесуваат медиумите.

 

Градската канцеларија за чистота започнува план за подигање на свеста кај пушачите, инсталирање урбани пепелници, зголемување на казните, како и проект за рециклирање на отпушоци преку џебни пепелници.

 

Тешките мерки општинските власти ги објаснуваат со фактот дека скоро 1/3 од комуналниот отпад собран на улиците се отпушоци. Потребни се 15 години за да се распаднат. Покрај тоа, тие содржат многу токсични материи - олово, арсен, никотин и се карциногени. Градоначалникот рече дека само еден отпушок може да загади 500 литри вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.