Во Париз една година од Жолтите елеци! Топови со вода и солзавец против демонстрантите

Полицијата уапси повеќе од 40 учесници на протестите на Жолтите елеци денеска во Париз.

 

На денот кога движењето одбележа една година од почетокот на митинзите силите за спроведување на законот употребија топови со вода и солзавец против демонстрантите, пренесуваат светските медиуми.

 

Демонстрантите се обидоа да го блокираат кружниот тек во Париз северозападно од главниот град. За неколку минути сообраќајот беше запрен целосно. Повеќе од 20 метро-потојки денеска беа затворени.

 

Демонстрантите скршија филијала на банка во јужниот дел на градот. Најмалку два автомобили биле превртени, а неколку биле запалени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.