Јато птици соборија „миг 29“

Ловец на индиското воено воздухопловство „миг 29К“ стана жртва на птици за време на училишен лет во подрачјето на летувалиштето Гоа, пренесе „Спутник“.

 

Како што пишува „Дифенс ворлд“, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Индија, јато птици го „нападнале“ авионот, веднаш по полетувањето од авиобазата.

 

За време на инцидентот двата мотора се запалиле, пилотите го свртеле леталото од населените места и потоа се катапултирале.

 

Военото воздухопловство не смета дека инцидентот на некој начин е поврзан со технички проблеми на моторите или на авионот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.