Французите објавија стрип „Добредојдовте на Косово“, го илустрираа и палењето на црквите

Во Франција е објавен стрипот „Добредојдовте на Косово“ со цел да се слушне гласот на српските жртви секаде на Запад, рече Арно Гујон, основачот на хуманитарната организација „Солидарност за Косово“, соопшти српската новинска агенција „Танјуг“.

 

Гујон на својот профил на „Инстаграм“ рече дека неговата организација го поддржала печатењето на стрипот што го следи животот на младиот Димитри, кој се враќа во Косово непосредно пред погромот над Србите во 2004 година.

https://www.instagram.com/p/B5C-I6rpAbe/?utm_source=ig_embed

 

„Оваа романсирана драма се базира на вистински настани и на француската публика ќе и’ ја покаже неодамнешната историја на Балканот од друг, помалку пристрасен агол. По книгите и списанијата, документарците и предавањата, ова е уште еден чекор напред, со цел гласот на српските жртви да се слушне насекаде на Западот“, напиша Гујон.

 

Тој истакна дека, веднаш по објавувањето, стрипот „Добредојдовте на Косово“ бил меѓу најпродаваните историски стрипови во Франција.

Гужон исто така објави фотографија на „Инстаграм“ на која држи стрип и му честита на тимот што работел на проектот, предводен од Никола Мирковиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.