Во Србија седница на Советот за безбедност поради аферата со рускиот шпион

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа седница на Советот за национална безбедност, поради можната шпионска афера во која наводно се вклучени руски разузнавач и српски агент, објави „Блиц“.

 

Автентичноста на снимката на која се гледа како Георги Клебај му дава пари на наводен српски агент ја потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

 

По седницата се очекува да бидат познати повеќе детали за овој случај на кој работат српските безбедносни служби.

 

Вчера, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека, доколку се утврди дека во овој случај навистина станува збор за шпонажа, тоа ќе биде сериозен проблем кој бара сериозна реакција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.