Њујорк се подготвува за силна снежна бура

Синоптичарите предупредуваат дека денеска се очекува голема снежна бура во Њујорк, која ќе нанесе снежна покривка до 15 см, пренесуваат медиумите.

 

Се очекува снегот до 15 см да ги покрие петте области на градот, како и Лонг Ајленд. Во моментов сите  705 камиони со сол и 1.500 снежни мотори се на готовс, уверува градоначалникот. Тие ќе бидат пуштени на градските улици кога снежната покривка достигне 5 см.

 

Сепак, метеоролозите предупредуваат дека градските жители мора да се подготват за силно невреме што ќе го покрие северо-истокот на земјата и ќе трае до вторник.

 

Обилниот снег предизвика одложувања во транспортот на Денот на благодарноста, а авиокомпаниите очекуваат нови проблеми во источниот дел на земјата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.