Гутереш: Со децении сме во војна против планетата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2019
Човештвото треба да ја прекине својата војна со природата, порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во пресрет на почетокот на конференцијата на ОН за клима во Мадрид. Шефот на ОН го прочита разорното влијание на климатските промени.
„Со децении човечкиот вид е во војна против планетата и планетата возвраќа удар по удар. Треба да престане нашата војна со природата и науката ни говори дека тоа можеме да го сториме“ рече Гутереш.
Тој ги осуди недоволните обврски кои земјите во светот ги презедоа за да ги намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и рече дека точката по која нема враќање назад не е веќе далеку зад хоризонтот.
Гутереш вели дека светот има научно знаење и технички способности да го одржи глобалното затоплување на 1,5 степени, колку што е одредено на Парискиот договор за клима, но дека недостига политичка волја.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс