Грција и Србија постигнаа договор за признавање на возачките дозволи и осигурувањето

Грчките парламентарни oдбори ратификуваа два договора меѓу Грција и Србија во врска со реципрочното признавање на осигурувањето и возачките дозволи.

 

Двете страни истакнаа дека договорите ги поттикнуваат и продлабочуваат одличните историски односи меѓу двете земји, пренесе агенцијата АНА.

 

Првиот договор овозможува признавање на платеното осигурување во која било од двете земји спречувајќи двојно плаќање на осигурувањето.

 

Вториот дозволува признавање на возачките дозволи на другата земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.