Путин: Проширувањето на НАТО е закана за Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека проширувањето на НАТО претставува закана за безбедноста на Русија, но рече дека се надева оти ќе преовлада заедничкиот интерес за заедничка безбедност.

 

Тој ја критикува континуираната експанзија на НАТО, нешто што тој посочи дека е бесмислено со оглед на отсуството на закана од Москва по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

 

Путин наведе дека НАТО е создаден како противтежа на Советскиот Сојуз и дека алијансата продолжила да постои иако СССР го нема.

 

Според него, стереотипното блоковско размислување не е добар начин за носење одлуки во, како што рече, глобалните услови, кои бргу се менуваат.

 

Рускиот лидер рече дека Северноатлантскиот сојуз ги игнорирал понудите на Москва за соработка во борбата против глобалните предизвици, како што се меѓународниот тероризам и ширењето на оружјето за масовно уништување.

 

Тој исто така рече дека алијансата се однесувала непристојно кон Русија и одбила да ги земе предвид руските интереси.

 

„Експанзијата на НАТО и зајакнувањето на воената инфраструктура на алијансата во близина на руските граници е потенцијална закана“, рече Путин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.