Снежно невреме во делови на САД, воздушниот сообраќај отежнат

Снежно невреме го зафати регионот на Њу Ингланд, во североисточниот дел на САД. Училиштата се затворени, а воздушниот сообраќај е отежнат.

 

Националната метеоролошка служба издала предупредување за зимска бура за подрачјето на Масачусетс, Њу Хемпшир и Мејн и предупредување за зимски временски услови за југоисточниот дел на Масачусетс и Роуд Ајленд.

 

Во централен Масачусетс наврнале 60 сантиметри снег, а 40 сантиметри во Сомерс и Конектикат. На подрачјето на Бостон наврнале 10 сантиметри снег.

 

Во Њу Џерси 36.500 домаќинства останале без електрична енергија.

 

Снежното невреме денеска ги затвори училиштата од Западна Вирџинија до Њу Ингланд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.