Во фокус блискоста меѓу Макрон и Меланија во Лондон - со Трамп е во „војна“, а неа не ја испушташе

Вчера во Лондон почна НАТО-самитот, па светските лидери и нивните сопружници се собраа во главниот град на Британија.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна заедно со Меланија Трамп, а првата дама на САД повторно беше во центарот на вниманието, како поради нејзината комбинација на фустани, така и поради блискоста со францускиот лидер Емануел Макрон.

 

И додека Трамп и Макрон деновиве немаат многу убави зборови еден за друг, Меланија одлучи таа да биде врската помеѓу двајцата лидери.

 

Како што се гледа на фотографиите објавени од светските агенции, Меланија му подаде рака на Макрон, која тој ја прифати со цврст допир, а двајцата си разменија и насмевки.

 

За потсетување, Меланија и претходно се најде во центарот на вниманието поради нејзината блискост со францускиот лидер.

 

Но, исто така и со други лидери.

 

На самитот на Г7, кој годинава се одржа во Франција, Меланија имаше страстна прегратка и со канадскиот премиер Џастин Трудо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.