Грчката црква не попушта - нема верски обреди во случај на кремирање

Неколку месеци откако е отворен првиот крематориум во Грција, Грчката православна црква се уште се противи на кремирањето и одбива верски погреб во случај на кремирање на покојникот.

 

„Мртвите тела не се отпад и Црквата се противи на палењето. Трагично е да се запалинешто што има вистинска вредност“, се вели во документот кој Црквата им го дели на верниците.

 

Грција е една од последните земји во Европската Унија што дозволи кремирање. На 80 километри од Атина во октомври беше отворен првиот крематориум во земјата, изграден со приватни средства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.