Меланија ја нападна професорката затоа што се пошегува на сметка на нејзиниот син Барон

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја предупреди професорката која за време на сослушувањето во процесот на отповикување на Доналд Трамп направи шега на сметка на името на нивниот син, Барон.

 

Професорката на универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, за време на сослушувањето ја истакна разликата меѓу монархијата и демократските влади кога го спомна синот на Трамп правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува „Си-ен-ен“.

 

„Претседателот може да го нарече својот син Барон, но тој не може да го прогласи за барон“, рече Карлан.

 

Меланија Трамп реагираше на тоа, кажувајќи ѝ на професорката дека треба да се срами од таквата изјава.

 

„Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика. Памела Карлан треба да се засрамите од вашиот гнев и очигледно пристрасно јавно додворување и користење на дете “, напиша Меланија Трамп на „Твитер“.

 

Малку подоцна, Карлан се извини и рече дека погрешила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.