Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО, дека иднината на Алијансата не ја гледа како сојуз на произведувачи и клиенти. Наместо тоа, според него, НАТО би требало да биде сојуз од партнери кои заедно ќе ја развиваат безбедноста, високата технологија и производството на воена опрема, пренесе БТА.

 

„Покренав дебата за една друга линија која не дели, која воопшто не се разгледува, а се работи за тоа дека државите се делат на произведувачи и клиенти, или купувачи“ рече Радев на конференција за новинари по самитот на НАТО во Лондон.

 

Радев истакна дека му предложил на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да отвори дискусија со која би се утврдиле начините за посилна индустриска соработка и трансфер на технологија кај земјите членки на Алијансата, кои имаат послаба економија, не произведуваат вооружување и кои 100 отсто од своите расходи за модернизација даваат на богатите земји.

 

„Мојот предлог е сосема јасен и конкретен. САД да стимулираат и да се обврзат на поголема поддршка на земјите кои трошат повеќе од 2 отсто од својот БДП на одбрана, за индустриска соработка и трансфер на технологија“ заклучи Радев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.