Џереми Кларксон ја нападна Грета Тунберг: Луда е и опасна, нека се врати во училиште

Познатиот водител, без влакна на јазикот, Џереми Кларксон ѝ порача на Грета Тунберг да „замолчи и да се врати во училиште“. Тој  16-годишната девојка, која предупредува на климатските промени, ја нарече „луда и опасна“ за време на промоцијата на новата сезона на шоуто „Гранд тур“.

 

Педесет и деветгодишниот водител доби отказ на Би-би-си и беше исфрлен од „Топ Геар“, по караницата со продуцентот на шоуто.

 

„Таа е луда и опасна, нејзиниот идиотизам доведува голем број деца до бесони ноќи. Мислам дека треба да замолчи и да се врати во училиште“, рекол Кларксон.

 

Неколку дена претходно во интервју за „Индепендент“, Грета ја нарече „глупава идиотка“. Додаде дека нејзиниот говор во ОН, во кој истакна дека ѝ ги украле соништата и детството, не нуди баш никакви решенија.

 

„Мислам дека е чудна Швеѓанка со тежок карактер. Ништо не се постигнува со пловидба преку океан на јахта, која троши гориво и лежи на моторот од бродот“, рекол тој.

 

Додал дека е свесен за климатските промени веќе некое време, а сега, како што ја нарекува, таа чудна Швеѓанка, трчала наоколу и викала дека сите ќе умреме.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.